Дали може да ми биде одбиен влез во Шенген-зоната?


Да. На државјанин на Република Северна Македонија може да не му биде одобрен влез во Шенген-зоната доколку не ги исполнува потребните услови. Во таков случај, засегнатиот има право на образложена одлука во писмена форма, издадена од овластен орган, како и право на жалба на одлуката што не го одложува нејзиното извршување.

Последно ажурирање: 07 септември 2020