Дали ми е потребна виза за краткорочна посета на Австрија, Норвешка, Велика Британија или Ирска?


Не. Согласно со одлуката на ЕУ за либерализација на визниот режим со Република Северна Македонија донесена на 19 декември 2009 г., на македонските државјани им се овозможува безвизен влез и краткорочен престој до 90 дена, во период до 180 дена, во сите земји членки на Европската Унија, освен Велика Британија и Република Ирска. Одлуката ја применуваат и државите потписнички на Шенгенскиот договор: Исланд, Норвешка и Швајцарија.

Напоменуваме дека за влез во Велика Британија и Република Ирска е потребно да се обезбеди соодветна виза пред патувањето.

Ако често патувате во Шенген-зоната, ваша е одговорноста да го пресметате преостанатиот број на денови од шестмесечниот период. Оттаму, може да остварите повеќе кратки патувања, под услов дека времетраењето на сите тие патувања да не е подолго од вкупно 90 дена во период од 180 дена.

За престој подолг од 90 дена, потребно е државјаните на Република Северна Македонија да аплицираат за долгорочна виза или за дозвола за престој.

Последно ажурирање: 09 јануари 2020