Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Аргентинската Република во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Н.Е. г-дин Алфредо Нестор Атанасоф.
Министерот Османи, посакувајќи му добредојде на амбасадорот Атанасоф и успех во извршувањето на неговата должност, изрази очекување дека успешната соработка и позитивниот развоен тренд на билатералните односи меѓу двете пријателски држави ќе продолжат и за време на неговата дипломатска мисија.
Амбасадорот Атанасоф го потврди интересот за натамошно унапредување на билатералната соработка во повеќе конкретни области, со посебен акцент на економската соработка, како и продолжување на успешната мултилатерална соработка.