Јавен повик за пријава и увид во Избирачки список за гласање во странство за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 12 април 2020 година

19 февруари 2020

Врз основа на член 67 став 4 од Уставот на Република Северна Македонија и членот 12 став (1) и членот 15 ставови (1) и (2) од Изборниот законик, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на 16 февруари 2020 донесе:

Решение за распишување на предвремени избори за пратеници во собранието на Република Северна Македонија

Врз основа на член 50-а од Изборниот законик, Решението за распишување на Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, бр. 09-1422/1 од 16.02.2020 на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Државната изборна комисија на 16.02.2020 година донесе:

Јавен повик за пријава и увид во Избирачки список за гласање во  странство за Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 12 април 2020 година (член 50-а став 1 од Изборниот законик)