Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Федеративна Република Бразил се воспоставени на 14. октомври 1998 година
Билатерална договорна рамка:
Склучени договори предмет на ратификација
1. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Федеративна Република Бразил за ослободување од визи“
- Склучена во Бразилија, на 02 мај 2011
1.1. „Размена на ноти за ослободување од визи на државјаните на Република Македонија и на Федеративна Република Бразил“
- Во сила од 27.08.2016 година
2. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Федеративна Република Бразил за соработка во областа на образованието“
- потпишан во Бразилија, на 22 април 2013 година
- во сила од 3 јануари 2018 година
Договори и документи кои не подлежат на ратификација
1. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Федеративна Република Бразил за ослободување од визи“
- склучена со размена на ноти на 28.7.2016 година
- во сила од 27.8.2016 година
2. „Меморандум за разбирање меѓу Република Македонија, претставувана од г. Веле Самак, министер одговорен за привлекување странски инвестиции и државата Сао Паоло, држава на Федеративна Република Бразил, претставувана од г. Давид Заиа, државен секретар за јавен менаџмент“
- потпишан во Сао Паоло, Бразил, на 22 април 2013 година
- во сила со датумот на потпишување
3. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и државата Сао Паоло за соработка во областа на информатичките технологии“
- потпишан на 23 април 2013 година
4. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и државата Сао Паоло за соработка во областа на здравството“
- потпишан на 23 април 2013 година
5. „Меморандум за разбирање помеѓу Агенцијата за разузнавање на Република Македонија и Агенцијата за разузнавање на Бразил (АБИН) “
- потпишан на 13 јуни 2018 година