Амбасада на Република Северна Македонија во Бразил

Embaixada da República da Macedônia em Brasília SHIS QL 26 CJ 05 LT 15 Lago Sul – Brasília DF – CEP: 71.665-155 República Federativa do Brasil CNPJ: 24.928.562/0001-68

Тел: 00 55 61 8276 1850

Факс:

Најнови вести

Апел на МНР Никола Димитров за итна регистрација на македонските граѓани затечени во странство поради ситуацијата со корона вирусот

„Почитувани македонски граѓани кои во моментов сте во странство, посебно вие кои немате регулиран престој и поради вонредно тешките околности насекаде, откажани летови и затворени граници, немате начин како да се вратите дома, во татковината. Се обидуваме да најдеме правилен начин да ви помогнеме да се вратите, но секој сериозен напор, претпоставува точни информации. На пример, има наводни информации за 150 граѓани затекнати во Барселона, додека во овој момент во Амбасадата на Северна Македонија во Мадрид има само 16 пријавени. Затоа, ве замолувам ажурно да се пријавите во дипломатско-конзуларните претставништва во земјата каде сте затекнати, или во најблиското ДКП доколку таму немаме мисија. Емаил адресите на ДКПта се достапни на сајтот на МНР тука https://mfa.gov.mk/ (ако го отворате на мобилен телефон видете подолу на сајтот). Потребни податоци: - име и презиме
- број на патна исправа
- контакт телефон
- земја и град каде се наоѓате
- дали имате регулиран престој во која било странска држава Бидејќи ќе правиме пресек на состојбата за 24 часа, ве замолувам тоа да го сторите до утре до 17 часот (четврток 19 март 2020 год). Ќе направиме се’ што можеме, водејќи сметка И за државниот интерес да се грижиме за македонските државјани затекнати во тешка ситуација во странство И за државниот интерес да се чува здравјето на нацијата дома.

Инфо од Координативното тело на МНР за помош и поддршка на државјани на Република Северна Македонија

Министерството за надворешни работи преку Координативното тело за помош и поддршка на државјани на Република Северна Македонија кои, поради новонастанатата ситуација со корона вирусот (COVID-19), се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, оствари мноштво контакти и разговори како со засегнатите наши граѓани, така и со различни институции во државата и во странство со цел изнаоѓање на решенија и давање соодветни информации и совети. По интензивна комуникација и координација со наши граѓани кои се враќаат во државата, како што е случај со тие од Малта, Шпанија или транзитирањето низ Република Србија и Република Албанија, се преземаат најсоодветни можни решенија, во услови на менување на околностите на дневна основа. Во Малта нашите граѓани се упатуваат за враќање во државата преку аеродромот во Истанбул;  во Шпанија, како земја со висок ризик, се изнаоѓаат алтернативни дестинации и транзити како нашите граѓани би можеле да допатуваат во Скопје, што е случај и со аеродромот во Белград, а се работи и во координација со соседна Албанија. Дополнително беше одговорено на голем број прашања на наши граѓани кои се соочуват со практични проблеми поврзани за престојот во странство, патување низ територијата на државите во Европа, како и можноста за нивно враќање во државата. Министерството за надворешни работи прави напори за надминување на ваквата состојба и остварува постојана комуникација со сите заинтересирани страни, согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија, како и согласно мерките на другите држави во кои престојуваат или транзитираат нашите граѓани.

МНР формираше координативно тело за помош и поддршка на државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со корона вирусот (COVID-19)

Во рамките на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија е формирано координативно тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со коронавирусот (COVID-19). Ги замолуваме сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација: 075 27 37 32  (редовна линија, Viber, WhatsApp) 071 25 34 30  (редовна линија, Viber, WhatsApp) 072 30 68 45 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 44 66 47 (редовна линија) Електронска пошта: [email protected] Уште еднаш, апелираме, врз основа на официјалните мерки и препораки,  сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.

Туристички дестинации

Охридско езеро

Галичка Свадба, Галичник

Крушево